Во пријателски натпревар на стадионот ,,Билјанини Извори ” во Охрид Македонија забележа идентичен пораз против Албанија од 3:1 исто како и на првиот нивен меѓусебен дуел. Натпреварот се одигра во отворена и без калкулации игра на двете страни. За жал кога шансите не се користат противникот ги казнува со гол на спротивната страна. Единствениот погодок за Македонија го постигна Гентијана Рочи која одигра квалитетен меч и беше најактивна во текот на играта. Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова исто така одигра квалитетно, но не успеа да реализира удар од белата точка, сепак Андонова за својата игра при замената пред крајот на мечот доби громогласен аплауз од трибините.



