Утре Франција игра важен квалификациски натпревар за пласман на Европско првенство против директниот ривал Турција, а селекторот Дидие Дешамп на новинарско прашање зошто и понатаму го игнорира и не го повикува напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема кој е во одлична форма, Дешамп само кратко одговори дека фудбалерот лошо би влијаел на атмосферата на тимот и дека одлуката е само спортска.



