Денеска кадетската репрезентација на Македонија предводена од селекторот Данило Брестовац го освои турнирот во Бугарија каде што на последниот натпревар го совладавме тимот на Пирин со резултат од 35:26 на полувреме 17:12.
Во прилог ни одеше и триумфот на Романија над Бугарија, додека Македонија првото место го освои со учинок од две победи и едно реми. Ова е само вовед за в година што не очекува во Скопје Европско првенство од Б категорија.
Македонија – Пирин 35:26 (17:12)
Македонија: Ацевски, Тодески 2, Атанасијевиќ , Костовски 6, Митев 2, Ташевски 4, Ивановски , Илиевски 1, Христовски , Ѓорговски 5, Грујовски , Ставревски 2, Ташев 1, Андрески 2, Мих.Ивановски 3, Калаџиевски 3 и Стојчевиќ.
Фото: rkmetalurg.mk



