Дакар 2020 е првото издание на релито Дакар што се оддржало во Саудиска Арабија, а воедно и прво издание што се оддржало во Азија. Возачите се натпреваруваа во пет категории. Во продолжение следува анализа во категоријата на четирициклите.
Етапа 1:
Игнасио Касале, победникот од 2018, победи на првата етапа со 5:36 минути предност пред Рафал Соник. Енрико Џовани заврши на третото место.
Етапа 2:
Игнасио Касале стигна до својата 20. победа на Дакар и стана првиот возач на којшто му успеало тоа. Рафал Соник повторно заврши на второто место.
Етапа 3:
После двете воведни победи на Игнасио Касале, на третата етапа победи друг Чилеанец – Енрико Џовани. На втората позиција заврши Симон Витс, а Касале беше третопласиран. Џовани, со оваа победа се искачи на третото место во генералниот поредок.
Етапа 4:
Касале дојде до својата трета овогодишна победа, а зад себе ги остави Џовани (1:24 минути побавно време) и Витс (3:22 минути заостаток). Ситуацијата е иста и во генералниот пласман после оваа трка бидејќи Соник загуби цели 24:22 минути.
Етапа 5:
До петтата победа во кариерата стигна Александр Жиру, кој зад себе го остави двоецот сочинет од Касале и Џовани. Суди, Витс и Соник ги завземаа наредните три позиции и имаа заостаток помал од 15 минути. Во генералниот пласман, Касале сè уште има солидна предност од 31 минута пред најблиските конкуренти.
Етапа 6:
Прва етапна победа за Симон Витс на овогодинешниот Дакар којашто му помогна да ја намали разликата помеѓу него и Игнасио Касале во генералниот пласман за шест минути. Моменталната предност на Касале изнесува 35:12 минути пред Витс и над еден час во однос на третопласираниот Рафал Соник.
Етапа 7:
Втора последователна победа за Витс кој го намали заостатокот зад Игнасио Касале за минута ипол и остана единствениот возач што заостанува помалку од еден час во однос на Чилеанецот.
Етапа 8:
Заради смртта на Пауло Гонсалвеш на претходната етапа, возачите на моторите и на четирициклите добија слободен ден за да се опорават психички од несаканиот настан.
Етапа 9:
Игнасио Касале стигна до својата четврта овогодишна победа со три секунди предност пред Енрико Џовани и е убедлив во генералниот пласман со 44:57 минути во однос на второпласираниот Витс и над час и половина во однос на другите конкуренти.
Етапа 10:
Заради безбедноста на возачите, етапата беше скратена. Прва овогодишна победа за Камил Висниевски кој заврши пред Здењек Тума (+0:48) и Рафал Соник (+03:42). Прв пат на Дакар 2020, Касале не заврши во првите тројца. Чилеанецот малку ја погреши насоката на движење и изгуби 45 минути. За негова среќа, останува прв во генералниот пласман бидејќи и Витс заостануваше 16:20 минути зад победникот.
Етапа 11:
Прва овосезонска победа за минатогодишниот шампион, Рафал Соник. Касале (+3:16) заврши на второто место, а Витс беше третопласиран (+8:14). Истите тројца возачи остануваат на првите три позиции во вкупниот поредок по следниот редослед: Касале, Витс (+21:16) и Соник (+1:03:00).
Етапа 12:
Касале си ја осигури третата Дакар титула во кариерата завршуајќи на третото место со заостаток од 4:17 минути. Витс беше второпласиран (+1:25), а до првата победа на Дакар 2020 стигна Полјакот Аркадиуш Линднер.
Завршен вкупен поредок:
1. Игнасио Касале (52:04:39)
2. Симон Витс (+18:24)
3. Рафал Соник (+1:04:15)
4. Мануел Андухар (+3:30:16)
5. Камил Висниевски (+4:38:53)
6. Себастиен Суде (+5:45:14)
7. Итало Педермонте (+6:34:28)
8. Нелсон Аугусто Галеано Санабриа (+8:56:03)
9. Здењек Тума (+15:58:30)
10. Мартин Саркиз (+17:14:39)