Започнаа фудбалските возбудувања во Езерско Пелагонискиот регион за помали генерации каде што има плејада на талентирани фудбалерчиња кои што го истакнуваат својот талент и фудбалски потенцијал.
Во Охрид домашната екипа на Фер Плеј генерација 2005 загуби од врсниците и лидери на табелата екипата на Припеп со резултат од 1:2. Голот за домашната екипа го постигна Бобан Кузманоски.



