Во рамките на 37. коло од англискиот Чемпионшип Лидс Јунајтед го совлада Хадерсфилд со 2:0 со по еден постигнат гол во двете полувремиња, каде што Ајлинг стрелаше за 1:0 во трета минута и за конечни 2:0 Бамфорд во 51. минута ги донесе новите три бода за да тимот се искачи на чело на табелата.
Лидс Јунајтед сега има 71 бод и е во пол позиција за пласман во најдобрата англиска Премиер лига. Езџјан Алиоски овој пат настапи само како последна замена во судиското продолжение заменувајќи го Харисон.



