За прв пат во историјата на женскиот фудбалски клуб ЖФК Речица се на припреми пред стартот на новата полусезона. ЖФК Речица има кратка историја на постоење и токму оваа пауза во првенството ја користат за што подобра подготовка, спремност и воигрување на тимот во Негорски Бањи кои што нудат идеални услови за спортските екипи од Македонија. Ова е позитивен пример како и останатите женски клубови во нашата земја треба да посветат внимание повеќе на професионализмот, стратегијата и тренажниот процес.
Галерија: ЖФК Речица се подготвува во Негорски Бањи под сите временски услови (снег, ветер и сонце)



