Во Виена се одигра уште едно од серијата на градски дербија овој викенд. Се соочија Австрија Виена и Рапид Виена.
Домаќините во првите пет кола собраа само 5 поени. „Зелено-белите” беа за нијанса подобри со вкупно 7 поени. Најпрво во 7. минута Рапид стигна до водство преку Мург, а само три минути подоцна израмни Моншајн. Откако видовме два гола во првите десет минути – очекувавме голеада, но ситуацијата се смири. Наредниот гол падна во 51. преку Фоунтас кој повторно му го врати водството на Рапид. Судбината на „Виолетовите” ја запиша Баџи со голот во 94. минута.
Рапид славеше со 1-3 и се искачи на 6. позиција со 10 поени додека Австрија е две позиции подолу со дупло помал број на поени.



