Во рамките на четвртото коло од најдобрата турска лига, македонскиот голгетер Адис Јаховиќ на гостувањето против Анкарагучи во 26. минута постигна гол и ја отвори гол серијата на неговиот тим Јени Малатијаспор каде што стигнаа до убедлива победа од 0:4.
Останатите голови за победничката екипа ги постигнаа Гилјерме и Бифума во првиот дел, додека Доналд во вториот дел го запечати убедливиот триумф. За Јаховиќ ова е веќе трет гол во првенството и го дели првото место со Сисе со ист број постигнати гола во турското првенство.
#Jahovic ! dk'26#Ankaragücü 0-1 #Malatyaspor pic.twitter.com/Ys6NbHWkk0
— ᴇʟᴛᴜʀᴋ1299 فاتح (@elturk1299) September 15, 2019



