На специјална церемонија која се одржа во Валенсија, ФИБА го промовираше логото за Европското првенство-жени, кое во 2021 година ќе се одржи во Шпанија и Франција.
Ова ќе биде трет пат како ова натпреварување се одржува во неколку држави. Во 2015 година, турнирот заеднички го организираа Унгарија и Романија, додека четири години подоцна, во 2019 година, во онаа организациска улога беа Србија и Летонија.



