Хувентуд во Топ 16 фазата во Еврокупот на гостински терен против Тофаш беше совладан со убедливи 91-76 во рамките на четвртото коло во групата Х.
Нашиот Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч за Хувентуд кој не беше доволен за победа. Тој постигна 15 поени, на кои додаде уште еден скок, шест асистенции и една украдена топка.
Маестралната асистенција на нашиот Димитријевиќ беше и најубавиот потег на мечот.



