понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Koи 10 играчи го одбележаа колото во првата лига – Блескаше Хејден Лесколт од Работнички со индекс 38

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 28, 2020
📁 Кошарка

Бекот на Работнички ја предводи листата со најдобри поединечни остварувања во изминатата првенствена рунда.

Во она поентерско „крешчендо“ во Битола, бекот на екипата од „Градски парк“ реализираше 43.поени, со одлична реализација. Имаше (6/12 за три поени, 7/9 за два и 11/15 за еден поен. Плус и четири освоени топки, три скока, две асистенции и исто толку загубени топки за 44:34 минути. Се заедно со одличен индекс -38, најголем во овој круг од натпреварите.

Најдобар, но во поразената екипа, беше ефектот на Јетмир Зекири. Крилото на „пелистерци“ собра 35. индексни поени. А до нив дојде со реализација на 28.поени, со само еден нереализиран обид од поле (1/1 за три, 11/12 за два и 3/3 за еден поен). Дополнети со десет скока, две додавања и шест загубени топки за 32:53 минути во игра.

Без краен ефект остана и играта на Адем Мекиќ. Неговиот клупски соиграч оствари индекс 27, откако комплетираше 25.поени (10/13 за два и 5/5 за еден поен), пет скока, по две асистенции и освоени, односно пет загубени топки за неверојатни 45:03 минути поминати на теренот.  

Еван Пејн е третиот играч кој во 13.рунда оствари скор поголем од „триесетката“. На дуелот против МЗТ Скопје Уни Банка, бекот на Кожув имаше 32.индексни поени. А до нив дојде откако постигна 25.поени, со висок процент на реализација во ударите за два поени (10/12), и максимален од линијата за слободни фрлања (5/5).

На сето тоа, за само 25:17 минути, придодаде и осум асистенции, шест скока и една загубена топка.

На другата страна, сосема добро му парираше еден млад играч, Љубиша Димитровски, кој оствари 25.индексни поени. А до нив играчот на МЗТ Скопје Уни Банка дојде откако постигна 26.поени (11/14 за два и 4/7 за еден поен), седум скока, две загубени и една освоена топка за 37:21 минута во игра.   

Во ова 13.коло од Првата лига, вреди да се одбележат и ефектите на Антон Казарновски (Пелистер), Славчо Темелковски (Вардар), Томас Зданавичиус (Кожув), Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар) и Филип Думиќ (Пелистер).

ИНДИВИДУАЛЕН ЕФЕКТ – 13. КОЛО

Хејден Лесколт (Работнички)  индекс 38

Јетмир Зекири (Пелистер)        индекс 35

Еван Пејн (Кожув) индекс 32

Адем Мекиќ (Пелистер) индекс 27

Љубиша Димитровски (МЗТ Скопје УБ)       индекс 25

—————————————————————-

Антон Казарновски (Пелистер)           индекс 24

Славчо Темелковски (Вардар) индекс 24

Томас Зданавичиус (Кожув)     индекс 23

Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)     индекс 23

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Филип Думиќ (Пелистер)          индекс 23

Извор: http://kfsm.mk/

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) ФИБА го промовираше логото за Европското првенство-жени

Следна вест

(Видео) Паркети имаат нова песна и спот “Санка”

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

(Видео) Паркети имаат нова песна и спот "Санка"

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.