Иван Тричковски игра во животна форма и е најдобар играч во кипарското првенство, а на денешниот меч на гостувањето против Етникос Ахна иако по првото полувреме Аек Ларнана имаше негатива од два гола, односно резултатот гласеше 2:0 сепак со одличната игра на капитенот Иван Тричковски и неговите четири гола неговиот тим дојде до целосен пресврт и до триумф од 2:5.
Освен тоа Тричковски имаше и една асистенција што значи учествуваше на сите погодоци на тимот. Во домашниот состав на Ахна резултатот го откри македонскиот интернационалец Јован Костовски кој во 19 минута со глава постигна водечки гол за негов четврти гол во првенството.
На спротивната страна Тричко со новите четири гола се врати на врвот на листата на стрелци и со 15 гола е најдобар стрелец во лигата. Во тимот на Етникос Ахна освен Костовки настапија уште и Богатинов и Марковски.



