Натпреварот помеѓу Партизан и Цедевита Олимпија го оправда епитетот за „дерби на колото” во 15. коло од АБА Лигата. Во изедначен натпревар кадешто и двете екипи правеа серии на водството, славеше Партизан. На почетокот на четвртата четвртина, „црно-белите” имаа предност од 81-69, но до крајот гостите ја анулираа разликата, па дури и заводеа со 93-95 на секунда до крајот. За Партизан, веднаш на сцена стапи Огњен Јарамаз кој погоди тешка и неверојатна тројка што му ја донесе 12. победа на својот тим во оваа сезона како и првата позиција на табелата. Цедевита со овој пораз се наоѓа на третото место.



