Најголемиот шок на Аустралиан Опен 2020 го приреди Чанг Ванг од Кина елиминирајќи ја фаворизираната Серена Вилијамс. Серена не беше фаворит само на овој дуел, туку важеше и за број еден избор за шампион на турнирот. Дуелот траеше речиси три часа, а претставничката на Кина, која моментално е пласирана на 29. позиција на ВТА листата, славеше со 2-1 (6-4, 6-7, 7-5). За прв пат во својата кариера, Ванг се пласира во осмина-финалето, а таму ќе се соочи со Онс Жабер којашто ја елиминира Каролине Возниацки, а воено ѝ стави и крај на кариерата.
„Дефинитивно ќе одам на тренинг утре. Прво, а и најважно е да бидам сигурна дека ова нема да ми се повтори.” – изјави Серена Вилијамс на прес-конференцијата по натпреварот.