Првиот четврт-финален дуел од овогодинешното издание на Аустралиан Опен го одиграа Роџер Федерер и Тенис Сандгрен. Во пресрет на турнирот, Сандгрен беше на 100. место на АТП листата, па неговиот пласман во оваа се смета за позитивно изненадување, иако Американецот игра солидно на тврда подлога.
На овој натпревар славеше Федерер со 3-2 во сетови. Најпрво, Швајцарецот поведе со 1-0 (6-3), а потоа следуваше медицински тајм-аут кој беше предвесник на потенцијална повреда. Наредните два сетови ги доби Сандгрен со по 6-2, а во четвртиот сет имаше неверојатна драма. При резултат од 5-4 во своја корист, Сандгрен не успеа да искористи три меч-топки и на крај мораше да игра тај-брејк. Во тај-брејкот имаше предност од 6-3 односно три врзани меч-топки, но повторно не ги искористи. Откако не ја искористи ни седмата меч-топка, Федерер успеа да се одбрани и да го земе четвртиот сет преку тај-брејкот во кој беше поуспешен со 10-8. Играта на Сандгрен потполно се распадна во петтиот сет кој го загуби со 6-3. Прв пат во кариерата, Сандгрен изгуби натпревар во петти сет.
„Мислам дека имав неверојатна среќа.” – истакна Федерер по натпреварот.
Со оваа победа, Федерер се пласира во полуфиналето кадешто ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ.