понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) НХЛ: Првите натпревари после „Ол Стар” исполнети со огромни возбудувања и интересни моменти

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 28, 2020
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Откако, изминатот викенд, се одигра „Ол Стар” натпреварувањето, синоќа на програмата на НХЛ беа шест натпревари. Пред почетокот на секој натпревар, му беше оддадена почит на легендарниот и прерано починатиот Коби Брајант.

Во првиот натпревар се соочија Монтреал Канадиенс и Вашингтон Капиталс. Гостите од главниот град славеа со 2-4, а натпреварот го одбележи еден несекојдневен момент. Имено, после шутот на Џоел Армиа, пакот доби неверојатно движење и успеа да заврши пред гол-линијата што отиде во корист на Вашингтон.

Во вториот дуел се соочија Отава Сенаторс и Њу Џерси Девилс. Двете екипи се наоѓаат при дното на Источната Конференција. Њу Џерси славеше после пенали откако резултатот во регуларниот дел изнесуваше 3-3. Третата третина беше највозбудлива имајќи во предвид дека Сенатор постигнаа два гола со играч помалку во период од само триесетина секунди.

Далас Старс и Тампа Беј Лајтнинг го одиграа најнеизвесниот дуел од синоќешната програма. Канаѓанецот со македонско потекло, Стивен Стамкос, постигна два гола за Тампа Беј, а за Далас поентираа Денис Гурјанов и Џејми Бен. После регуларниот дел од мечот, резултатот беше 2-2, а Џејми Бен со својот втор погодок на натпреварот му ја донесе победата на Далас после продолжение.

Нешвил Предаторс на домашен терен изгубија од Торонто Мепл Лифс со убедливи 2-5. Од сите стрелци на головите, најсреќен беше деветнаесетгодишниот Швеѓанец од редовите на Торонто, Расмус Сандин, кој го постигна својот прв погодок во кариерата во НХЛ.

Третиот дуел што се одигра во Канада беше двобојот помеѓу Ванкувер Кенакс и актуелните шампиони – Ст. Луис Блуз. Иако шампионите поведоа преку Захари Сенфорд во првата третина, домаќините од Британска Колумбија направија пресврт во втората третина преку двата голови на Џеј Ти Милер. Во последната секунда од третата третина, Бо Хорват само ја завери победата од 3-1 за Кенакс кои избија на четвртата позиција во Западната Конференција.

Последниот меч беше одигран во Калифорнија помеѓу Сан Хозе Шаркс и Анахајм Дакс. „Ајкулите” се покажаа поуспешни од „Патките” славејќи со 4-2. Од редовите на Сан Хозе, Патрик Марло постигна два погодоци, а со тоа го забележа и 1100. поен во дресот на овој тим. Марло има четириесет години и од 1997 до 2017 беше дел од екипата на Шаркс. Наредните две сезони ги помина во Торонто, а оваа сезона повторно се врати во својот матичен НХЛ тим.

Tags: ВанкуверДаласНХЛХокеј
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Тенис: Федерер спаси седум меч-топки и успеа да стигне до победата

Следна вест

Тенис АО-Ѓоковиќ го збриша Раониќ и закажа полуфинале со Федерер

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Тенис АО-Ѓоковиќ го збриша Раониќ и закажа полуфинале со Федерер

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.