18 – годишниот Дамјан Стоименовски ученик во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје, полека влегува во музичките води со преработка на познати нумери од балкански изведувачи.
Покрај посветеноста и одличниот успех во училиштето, веќе неколку години пеењето претставува негова секојдневна преокупација. Големата желба за успех ја потврдува со учеството на повеќе државни и балкански продукциски натпреварувања, каде има освоено едно прво и едно второ место.
Дамјан Стоименовски, најавува дека наскоро ќе следуваат неколку нови проекти. Дел ќе бидат преработки на македонските хит песни, а во скора иднина можеме да ја очекуваме и неговата прва нумера. Во прилог и изведба на Стоименовски на нумерата од Милан Станковиќ:



