Подготвил: Eпов Насе
Валтери Ботас стигна до својата јубилејна десетта пол-позиција во кариерата на трката во Силверстон. Домашниот возач, Луис Хамилтон, го завзема второто место со заостаток од само шест илјадинки.
Шарл Леклер ќе стартува од третата позиција, додека неговиот клупски колега од Ферари – Себастијан Фетел ќе стартува од шестото место, веднаш зад двата болиди на Ред Бул. Од првите десет позиции ќе стартуваат уште Норис, Рикардо, Албон и Хулкенберг. Трката ќе биде утре со почеток во 15:10 часот.



