Селтик и Ренџерс го отворија 21. коло од шкотскиот Премиершип со нивниот дуел на „Селтик Парк”. Ренџерс запиша победа од 1-2 во дуел исполнет со шанси и возбудувања. Најпрво, во 33. минута, Селтик доби пенал, но шутот на Кристи беше одлично одбранет од Алан МекГрегор. Само три минути подоцна стигна казната откако Кент го постигна својот петти гол оваа сезона и го однесе Ренџерс во водство. Селтик израмни преку Едуард кој го измести шутот на Калум МекГрегор. Последниот гол на натпреварот падна во 56. минута кога Катиќ после три последователни обиди и два последователни корнери успеа да ја смести топката во мрежата на Форстер. Во шестата минута од судиското продолжение, Морелос го заработи вториот жолт картон и го остави Ренџерс со играч помалку. За Колумбиецот ова е втор црвен картон сезонава, а втор во последните три одиграни натпревари.
Со оваа победа, Ренџерс останува на втората позиција, но со натпревар помалку во однос на денешниот ривал. Со победа во наредното коло против Ст. Мирен, „сините” ќе избијат на врвот на табелата.



