После двојниот спуст во Бормио, денес на програмата беше алпската комбинација. После првата серија водеше Килде, пред Парис и Крихмаер, а сите четириесет скијачи кои ја завршија првата серија се пласираа во втората. Во втората серија имаше доста изненадувања, а до победата стигна Алексис Пантуро кој беше на 12. место, после првото скијање. Килде заврши како второпласиран, а на третото место се пласира Лоик Мејард. Како најголемо позитивно изненадување се покажа 21-годишниот Французин Флориан Лорио кој на својата прва трка во светскиот куп заврши на 15. позиција.



