Во првиот натпревар од десеттата недела се соочија две калифорниски екипи – Оукленд Рејдерс и Лос Анџелес Чарџерс. Чарџерс со две победи, над Чикаго и Грин Беј, во овој дуел влегоа со голем моментум. Сепак, во Оукленд беа запрени со минимален резултат од 26-24. На натпреварот паднаа вкупно шест тачдауни од кои за Рејдерс поентираа Херис, Инголд и Јакобс, а за Чарџерс – Хенри, Гордон и Екелер. Оукленд со оваа победа значително си ги задржа шансите за плејоф и моментално има ист број на победи (5) како и шестопласираниот тим на Индијанаполис Колтс.