Куракао е тропски остров, еден од најубавите на Карибите. Тој е дел од Холандските Антили и се наоѓа на 60 километри оддалеченост од брегот на јужноамериканската држава Венецуела. Всушност тоа е најголемиот остров во архипелагот.Туристите најмногу ги привлекува чудесната архитектура, богатата историја и неодоливиот шарм, препознатлив за прекрасните Кариби. Она што ќе ве фасцинира на прв поглед се плажите и ќе имате чувство дека вие сте првиот човек што ги посетил. Во близина на Куракао се наоѓаат и островите Аруба и Бонаира, па поради почетните букви тие се нарекуваат острови АБЦ.Најголемиот дел од жителите живеат во главниот град Вилемстад во урбаниот простор околу Шотегат, во централноисточниот дел на островот.
Извор:daily.mk