Во последниот натпревар од шестото коло на Првата македонска одбојкарска лига во женска конкуренција го одиграа екипите на Работнички и Јанта Волеј Форца. Одбојкарките на Работнички покажаа подобра игра во Кисела Вода и славеа со убедливи 3-0. По сетови, резултатот изнесуваше: 25-18, 25-22 и 25-17. За Работнички ова беше шеста победа и иако има ист број на победи како Наковски Волеј, сепак заради подобар поен-количник се искачи на врвот на табелата. Јанта Волеј, после серијата од четири победи, го запиша и вториот пораз сезонава, па со 11 освоени поени го завзема на шестото место.