Ситуацијата во којашто се наоѓаат екипите од средишниот дел на табелата кои се борат за влез во плејоф на Западот е екстремно напната – шест тимови се наоѓаат во само три поени разлика. Токму два од тие шест тимови се соочија синоќа во меѓусебен дуел. Станува збор за Минесота Вајлд и Нешвил Предаторс. Минесота успеа да го совлада својот денешен противник со 3-1 и му го нанесе третиот последователен пораз. Стрелци за домаќините беа Лук Кунин, Кевин Фиала и Зек Паризи, додека за Нешвил погоди Крег Смит. Кевин Фиала, освен голот, направи и асистенција со што го забележа петтиот натпревар во низа на којшто запишал најмалку два поени. Со овој учинок, Швајцарецот стана првиот играч на Минесота во историјата кому му пошло ова од рака.



