Екипата на Монтреал Канадиенс, на домашен терен ја пречека екипата на Ванкувер Кенакс која се соочува со повреди на двата клучни играчи – голманот Јакоб Маркстром и напаѓачот Брок Босер. Како замена за Босер, беше доведен Тајлер Тофоли од ЛА Кингс, а како замена за Макрстром го доведоа Луј Доминг од Њу Џерси Девилс. Дебито на Доминг се очекуваше да се случи токму на овој натпревар, но селекторот на Кенакс, на голот го стави Тачер Демко. Во пресрет на овој меч, Монтреал имаше серија од две пбеди од кои првата беше остварена против фаворизираниот тим на Вашингтон Капиталс.
Седум и пол минути по почетокот на натпреварот, Монтреал поведе со 2-0 преку Пол Бајрон и Шеј Вебер. До крајот на втората третина, Кенакс израмнија на 2-2 со головите на Бо Хорват и Александер Едлер. Во третата третина и двете екипи постигнаа по еден погодок односно Џордан Вил за Канадиенс и Џејк Виртанен за Кенакс. Откако дуелот заврши со 3-3 по регуларните шеесет минути игра, следуваше продолжение кое траеше само стотина секунди бидејќи Тајлер Тофоли, новото засилување на Ванкувер и замената за повредениот Босер, го даде победоносниот гол за Ванкувер и му ја донесе победата на својот тим од 3-4. За Тофоли, ова е трети погодок на третиот натпревар во дресот на претставниците на Британска Колумбија, а исто така запиша и две асистенции.
По натпреварот, Монтреал се наоѓа на дванаесеттото место на Истокот, додека Ванкувер е петти на Западот.



