Синоќа, во рамките на 33. коло од англиската трета лига, се соочија екипите на Сандерленд и Флитвуд. Двете екипи се борат за влез во плејофот, па овој натпревар имаше исклучителна важност. Флитвуд поведе во петтата минута преку Бери МекКеј, а во седмата минута од судиското продолжение, Макс Пауер постигна погодок за Сандерленд и го постави конечниот резултат од 1-1. Тренер на Флитвуд е контроверзниот поранешен играч на Њукасл и Манчестер Сити – Џои Бартон. После натпреварот, Бартон се огласи за медиумите на несекојдневен начин:
„Пред три години, тие беа премиерлигашки тим, па како поранешен играч на Њукасл, сега ми е смешно да ги гледам што слават како да освоиле светско првенство, а всушност израмниле против Флитвуд.“



