Тензичното ривалство помеѓу Филаделфија и Вашингтон, оваа сезона е дополнително зголемено поради борбата за повисока позиција на табелата во пресрет на плејофот. Токму овие две екипи се соочија во првиот денешен натпревар. Филаделфија славеше со резултат од 2-5, благодарение на подобрата игра во втората и третата третина. Вашингтон постигна по еден гол во првата (Ларс Елер) и еден гол во втората третина (Гарнет Хатавеј). Стрелци за Филаделфија беа Тревис Конечни, Кевин Хејс и Тајлер Питлик во втората, односно Иван Проворов и Скот Лотон во третата третина. Сепак, натпреварот ќе остане запаметен и по двете тепачки во кои протагонист беше Том Вилсон – напаѓачот на Вашингтон. Канаѓанецот, најпрво се пресмета со Нејт Томпсон, а потоа и со Роберт Хаг.
По овој натпревар, Филаделфија се доближи на само поен заостаток од денешниот ривал кој е третопласиран на Истокот.