Колорадо Аваланш и Анахајм Дакс ги одмерија силите во релативно изедначен дуел кој заврши нерешено со 3-3 после регуларниот дел. Во првата третина паднаа четири голови – Владислав Наместников и Габриел Ландеског за Колорадо односно Ендру Агоцино и Брендан Гуле за Анахајм. Во втората третина, Сем Стил заби за Колорадо, а во третиот период, Нејтан МекКинон го постави резултатот од 3-3. Во продолжението, Колорадо ја имаше иницијативата, но на само една секунда до истекот на времето остана без победата. Имено, Рикард Ракел го постигна својот шести гол во продолжение во кариерата и му ја донесе победата на Анахајм кој во пресрет на дуелот беше сметан како голем аутсајдер имајќи ги во предвид формата, позицијата на табелата и предноста од домашен терен на Колорадо.
Со оваа победа, Анахајм останува на претпоследната позиција, но ја прекина серијата од седум врзани победи на Колорадо кој останува на второто место на Западот со два поени заостаток во однос на актуелниот шампион – Ст. Луис.



