Екипите на Бостон Селтикс и Хјустон Рокетс го одиграа дербито на денот во НБА лигата. На полувремето, Бостон водеше со единаесет поени разлика, а на почетокот на третата четвртина, Хјустон направи серија од 13-0 за да го преземе водството. Тројката во последната секунда на Џејлен Браун (Бостон) го однесе натпреварот во продолжение, каде што Хјустон успеа да биде подобар со 6-7 и на крај да слави со 110-111. Од тимот на Бостон, најефикасен беше Џејсон Татум со 32 поени, 13 скокови и 5 асистенции. За Американецот, ова е петнаесетти од последните шеснаесет натпревари во кој постигнал над триесет поени, а воедно и четврти во низа. На цел натпревар најефикасен беше Расел Вестбрук (Хјустон) со 41 поен, 8 скокови и 5 асистенции. Џејмс Харден (Хјустон) забележа 21 поен, 4 скокови и 8 асистенции.
Хјустон ја запиша шестата победа во низа и остана на четвртото место на Западот, додека Бостон ја прекина серијата од две последователни победи и остана трет на Истокот.



