Екипата на Тампа Беј Лајтнинг пред само еден ден запиша победа од 1-2 после продолжение на гости кај Колумбус Блу Џекетс. Синоќа, екипата од Флорида го оствари потполно истиот резултат против Питсбург Пенгуинс. Најпрво, во првата третина, Пенгуинс поведоа со 1-0 преку Евгениј Малкин, а во втората третина, гостите израмнија со деветтиот гол на Михаил Сергачјов сезонава. Во третата третина не се тресеше мрежата на ниту една екипа, а во продолжението, Јани Гурд им ја донесе осмата победа во низа на Лајтнинг кои сега „скокнаа“ на втората позиција во Источната конференција, Питсбург остана на четвртото место и покрај овој пораз на домашен терен.



