Екипите на Колорадо Аваланш и Тампа Беј Лајтнинг го одиграа дербито на денот во НХЛ. Во пресрет на натпреварот, Колорадо имаше серија од два порази, додека Тампа Беј запиша десет победи на последните десет натпревари. Во „Пепси Центер“ во Денвер, уште во првите пет минути, Колорадо поведе со голот на Андре Бураковски. Во втората третина, Тампа Беј постигна три погодоци за водство од 1-3. Стрелци на головите беа Александер Килорн, Камерон Гонс и Стивен Стамкос. За Стивен Стамкос, Канаѓанецот со македонско потекло, ова беше вкупно осумстоти натпревар во НХЛ и сите во дресот на тимот од Флорида. До крајот на третината, Колорадо преку Нејтан МекКинон намали на 2-3, а Валери Ничушкин, во третата третина, го постави конечниот резултат од 3-3 после регуларниот дел. Во продолжението, Тампа Беј успеа да дојде до победата со голот од контранапад на Никита Кучеров.
Со оваа победа, Тампа Беј ја продолжи својата победничка серија на единаесет натпревари, додека Колорадо го запиша третиот последователен пораз. Лајтнинг се наоѓа на втората позиција на Западот со само бод заостаток во однос на првопласираниот тим на Бостон Бруинс, а Колорадо е трет на Истокот, зад Далас Старс и Ст. Луис Блуз.



