Натпреварот помеѓу Сан Хозе Шаркс и Калгари Флејмс донесе вкупно осум постигнати голови. Имено, гостите од Канада славеа со 2-6. За домаќините, головите ги постигнаа Ерик Карлсон и Брент Барнс, додека за Калгари погодија Милан Лучич, Тобиас Раидер, Зек Риналдо, Марк Јанковски, Метју Ткачак и Микаел Беклунд. Сепак, голот на Ткачак за 2-5 на почетокот на третата третина ќе остане во сеќавањата на сите присутни во „САП Центер“ арената. Голот можете да го погледнете на следното видео:



