Шампионот од 2018, Вашингтон Капиталс, синоќа на гостински терен во Канада, беше тотално запрен од домашните Винипег Џетс. Една од најефикасните екипи годинава, не успеа да постигне ниту еден погодок, а најголема заслуга за тоа има голманот на Винипег – Конор Хеленбујк кој забележа триесет и четири одбрани. Имено, Винипег славеше со 3-0 благодарение на головите на Дмитри Куликов, Кајл Конор и Марк Шајфел. Овие две екипи се соочија пред само два дена, но на тој натпревар домаќин беше Вашингтон. Тој дуел беше решен после пенали кои отидоа во корист на Капиталс.
Ситуацијата на табелата не се промени после овој натпревар. Имено, Вашингтон остана на третото место на Истокот, додека Винипег ја задржи деветтата позиција на Западот.



