Натпреварот помеѓу Њу Орлеанс Сеинтс и Сан Франциско 49ерс без сомнение го оправда епитетот како „дерби на колото во НФК”. На овој натпревар видовме најмногу поени од било кој натпревар сезонава – гостите од Сан Франциско славеа со неверојатни 46-48. Победоносен беше шутот за три поени на Гулд во последната секунда откако претходно, преку неколку пресврти, Сеинтс ја имаа победата во свои раце. Беа постигнати вкупно 12 тачдауни, а интересен е податокот дека во првото полувреме имаше повеќе тачдауни со додавање отколку некомплетирани додавања. Со оваа победа, Сан Франциско повторно се искачи на врвот на НФК, барем додека да заврши дуелот помеѓу Сиетл Сихокс и Лос Анџелес Ремс, а Сеинтс паднаа на третото место со ист учинок како Грин Беј Пекерс.



