Крос-кантри првенството денеска во Лилехамер, на својата програма ги имаше штафетите и во машка и во женска конкуренција. Кај дамите, неприкосновена беше Норвешка која со 48,9 секунди беше поуспешна од второпласираната селекција на САД. На третото место заврши Шведска со заостаток од 1:19,7, додека Финска ја завзема четвртата позиција.
Машката штафетна трка беше далеку понеизвесна имајќи во предвид дека првите шест селекции беа во интервал од 26,9 секунди. Руската доминација продолжи и денес откако вчера Болшунов славеше на скијатлонот, завземајќи ги првите две позиции на пиедесталот. Вториот тим на Русија беше првопласиран, а тимот предводен од Болшунов заврши на второто место со заостаток од 1,3 секунди. Сличен беше и пласманот на третата и четвртата позиција откако тие две места им припаднаа на двата тима на домаќинот Норвешка.



