Во второто конференциско финале во АФК се соочија Канзас Сити Чифс и Хјустон Тексанс. Ова беше дуел на двајца квотербекови со многу светла иднина. Станува збор за Патрик Махоумс и Дешон Вотсон. И двајцата имаат 24 години, а по седми пат во историјата и двајцата стартни квотербекови на двете екипи имале под 25 години во еден плејоф натпревар од Супер Боул ерата. Востон е три дена постар од Махоумс што претставува најмала разлика во возраста на двајца стартни квотербекови во плејоф натпревар.
На денешниот дуел, Тексанс поведоа со неверојатни 0-24 после само 19 минути игра. Сепак, на сцена стапи Махоумс и го предводеше својот тим до четири тачдауни во втората четвртина и водство од 28-24 на полувреме. До крајот на натпреварот, Чифс направија уште една квалитетна серија од 23-7 и го поставија конечниот резултат од 51-31. Пресвртот после негативата од 24 поени е најголем во плејофот уште од легендарниот Супер Боул 51 кога Њу Ингланд Патриотс се вратија од негатива од 28-3 против Атланта Фалконс.
Најзаслужен за победата на Чифс, освен Махоумс, е и Тревис Келси. Овој тајт-енд имаше 134 освоени јарди и постигна два тачдауни.



