Пред само еден ден, Јута со тројка во последната секунда успеа да слави над Хјустон Рокетс. Синоќа, екипата од Солт Лејк Сити запиша уште една победа во Тексас и тоа против Далас Маверикс. Маверикс, во својот состав, сè уште го немаат Лука Дончиќ што се покажа како голем хендикеп. Имено, домаќините загубија со 119-123 во натпревар што беше во потполност под контрола на Јута Џез. Најефикасен играч од тимот на Далас, а воедно и на натпреварот беше Тим Хардавеј со највисоките 33 поени за него во оваа сезона. Одлична партија имаше и Криштапс Порзингис со 28 поени, 5 скокови и 1 асистенција. Кај Јута, најефикасен беше Џордан Кларксон со 25 поени, 5 скокови и 8 асистенции. Единствен играч со дабл-дабл учинок беше Руди Гобер од Јута кој запиша 17 поени (7/7 шутови од игра) и 16 скокови. Со овој пораз, Далас падна на седмото место во Западната конференција со учинок од 32-22, додека Јута остана на четвртата позиција со 35 победи и 18 порази.



