Синоќа, во НБА, беше одиграно градското дерби на Лос Анџелес помеѓу ЛА Лејкерс и ЛА КЛиперс. Во „Стејплс Центар” пред 19 000 гледачи, Клиперс славеа со 106-111. Ова беше седми пораз сезонава за Лејкерс и четврти во низа. Најефикасен играч на мечот беше убедливо Кавај Ленард. Играчот на Клиперс постигна 35 поени и додаде 12 скокови и 5 асистенции. Од Лејкерс, најефикасни беа Кузма и Дејвис со 25 односно 24 поени. На ЛеБрон Џејмс му фалеше само еден скок за да дојде до трипл-дабл учинок откако забележа 23 поени и 10 асистенции. Сепак, играчот на Лејкерс ја загуби топката под притисок на Патрик Клеверли во последните секунди од натпреварот при резултатски дефицит од 106-109.



