Младиот пејач Методија Столески продолжува со успеси на јубилејниот фестивал “Гоце фест”. Поради јубилеј 30 години постоење жирито ги прогласи сите песни за победници.
Методија е убедливо најмладиот фолк пејач на естрадата и беше проследен со најмногу овации од публиката за новата негова хит песна “Мајка”. Музиката и аранжманот за оваа песна се на Цане Петров, додека текстот е на Огнен Неделковски. Погледнете една аматерска снимка од публиката за да ја доловите атмосферата на фестивалот.
Според агендата за 2019 Методија има план да настапи уште на неколку фестивали со нови песни како во Македонија така и странство.



