Аукцијата на импресионистички и надреалистички дела во „Сотби’с“ во Лондон оствари приход од 87,7 милиони фунти, при што најголем удел во тоа имаше сликата „Палатата на Доџ“ од Клод Моне, соопштија од аукциската куќа. Делото на Моне беше продадено за 24 милиони фунти, а купувачот побарал да остане анонимен.




