Во првиот натпревар од 26. коло од Премиер лига меѓу себе се сретнаа Фулам против Манчестер Јунајтед каде што по првото полувреме ,,Црвените ѓаволи” имаат сигурно водство од 0:2. Погодоците ги постигнаа Пол Погба во 14. минута и Ентони Марсијал во 23. минута.
Пол Погба од мртов агол го изненади противничкиот голман за почетно водство, додека посебно внимание привлече погодокот на Марсијал затоа што направи спринт со топка од центарот на теренот па се до протвничкиот шеснаесетник каде што ја претрча целата одбранбена линија и на крај постигна ефектен гол.
Видео: Фулам 0 – 1 Манчестер Јунајтед стрлец Погба
Видео: Фулам 0 – 2 Манчестер Јунајтед стрелец Марсијал



