Според сознанијата и пишувањата на хрватските медиуми, денеска околу 13 часот и 40 минути во Сплит биле нападнати четворица ватерполисти на Црвена Звезда кои биле во кафе бар од група млади хрвати кои побарале од ватерполистите да ги соблечат клупските обележја, а потоа ги нападнале.
Тројца од ватерполстите побегнале, додека четвртиот се спасил откако скокнал во морето и чекал се до моментот кога се појавила полицијата. Навистина Балканот сеуште е ,,буре барут” и клупските регионални натпревари се ризични за спортистите. Инаку Црвена Звезда треба да се соочи вечерва против хрватски Морнар.
Видео: За да се спаси од напаѓачите спортистот скокнал во морето



