Во англиската фудбалска класика на гостувањето на ,,Емирејтс” од четвртата рунда од ФА купот Манчестер Јунајтед го елиминира најголемиот свој ривал со 1:3 тимот на Арсенал. Погодоците за ,,Црвените ѓаволи” ги постигнаа Алексис Санчез повратникот во првиот тим по повредата со гол во 31 минута, а две минути подоцна Џеси Лингард зголеми на 0:2 и на двата гола асистент беше Ромелу Лукаку.
Во финишот на првото полувреме домашните фудбалери постигнаа гол за надеж во 42. минута преку Обамејанг на асистенција на Арон Ремзи. Во вториот дел Арсенал имаше поголем посед на топката но не креираше сериозна шанса за загрозување на мрежата на Ромеро.
Во финишот на средбата гостите во 82. минута ја запечатија победата на 1:3 со голот на резервистот Марсијал. Со овој триумф Манчестер Јунајтед во последните 8 натпревари има исто толку победи, а на клупата Оле Гунар Солскјер не знае едноставно за пораз.



