Во рамките на 22. коло од француската прва лига пред своите навивачи Олимпик Марсеј загуби со 1:2 од Лил. За одбележување на овој натпревар е деби настапот на новиот напаѓач на Марсеј контраверзниот Марио Балотели кој во зимскиот преоден рок од Ница премина во Олимпик од Марсеј.
Италијанецот го носи дресот со број 9, а деби настапот го забележа кога влезе во игра во 74.минута, а на крајот на мечот во 95. минута постигна деби гол за тимот со глава, но недоволно домаќините да извлечат поволен резултат. Претходно за Лил двоен стрелец беше Пепе од пенал во 48. минута од првото полувреме и во 94 минута од мечот.
Видео: Деби гол на Марио Балотели за Олимпик Марсеј



