Рејне е мало рибарско село, кое се наоѓа на островот Москенесеј во Норвешка. Во 2005-та година тоа броело само 342 жители, меѓутоа претставува мошне важна гранка за туризмот на оваа земја. Секоја година местото е посетено од илјадници љубопитни туристи. Причина за ова се магичните природни убавини со кои Рејне изобилува, едноставните колоритни куќарки, и бајковит амбиент.



