Исто како и ски скоковите, така и крос-кантри скијањето се одвива во Рука, Финска овој викенд. Вчера на програмата беа спринтовите кадешто славеше Клебо пред Голберг и Жове. Финците не се покажаа баш најдобро во оваа дисциплина, но затоа денеска, на класичното трчање на 15 километри ја одбранија својата чест пред домашната публика. На највисокото место на пиедесталот се искачи Ииво Нисканен кој беше побрз од второпласираниот Клебо за цели 13 секунди. Третото место му припадна на Иверсен со заостаток од 14.9 секудни. Од втората до единаесеттата позиција се пласираа исклучиво Норвежани и Руси, а вториот најдобар Финец беше Хиваринен на 17. место.
„Можеби не го имав најдоброто издание денес, но скиите беа екстремно добри. На крајот, се чувствував малку изморен. Рука е едно од моите омилени места.” – порача Нисканен за ФИС Ски после трката.
Во женската конкуренција, на индивидуалното трчање на 10 километри, славеше Терезе Јохауг, а Финска и овој пат имаше причина за славје откако на второто место се пласира Криста Пармакоски. Третото место ѝ припадна на Наталија Непријаева, а Кертту Нисканен, сестрата на победникот од машката конкуренција, беше десетта.
📣Iivo Iivo Iivo 🎉
That was todays rhythm in the #fiscrosscountry stadium at Ruka Nordic as the crowd cheered for Iivo Niskanes winning run! pic.twitter.com/oYxeXKAPHi— FIS Cross-Country (@FISCrossCountry) November 30, 2019



