Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски е член на балканскиот великан Хајдук од Сплит и поради повреда беше долго време отсутен од фудбалските терени, но тој навремено се рехабилитира и настапи на најголемото хрватско и балканско дерби против Динамо Загреб на мечот од 27 коло од ХНЛ и на домашен терен на ,,Пољуд” загубија минимално со 0:1 со голот на Гаврановиќ во 26 минута кога одбиената топка ја смести во мрежата на сплиќани.
Ивановски го играше целото второ полувреме но и тој беше немоќен да направи нешто повеќе за да извлече поволен резултат за својот тим. Со новите три бода Динамо Загреб се зацврсти на врвот на табелата со 70 бода, додека Хајдук останува на петатта позиција со освоени 43 бода.
За Хајдук за да не дојде до израмнување помогна и црвениот картон на Цакташ во 77 минута и со фудбалер помалку шансите ги сведоа на минимум. Освен Ивановски за домашната екипа настапи од 66 минута и екс фудбалерот на Работнички, Емир Сахити, додека поради повреда за гостите не беше во протоколот за овој натпревар капитенот на тимот Аријан Адеми воедно и македонски репрезентативец.



