Во дербито на колото од Првата кошаркарска женска сениорска лига во салата ,,Независна Македонија” во рамките на 17. коло тимот на ЖКК Бадел 1862 не го издржа притисокот од императивот на победа и загубија на свој паркет од најголемиот претендент за титулата тимот на ЖКК Вардар со резултат од 63:77. Овие две екипи до крајот на шампионатот ќе водат жестока борба за шампионскиот трон.



