Првиот дуел од нокаут фазата во Лига Европа помеѓу Фенербахче и Зенит Санкт Петерзбург одигран на преполниот стадион ,,Шукру Сарачоглу” домашните фудбалери дојдоа до минимална победа од 1:0 со голот на Слимани во 20. минута.
Во првиот дел македонскиот репрезентативец имаше два удари кон голот на Лунев, но рускиот чувар на мрежата на два пати беше поуспешен. На спротивната страна имаше пенал за Зенит кога капитенот Топал направи прекршок во шеснаесетникот, а одговорноста ја презеде Мак но не успеа да го реализира ударот од белата точка во 44. минута од мечот. На реваншот во Русија Фенербахче ќе замине со минимална предност. Инаку Елмас настапи до 73. минута од натпреварот и се прикажа во одлично светло.
Видео: Мак не го реализира ударот од белата точка за Зенит



